Иран им порача на САД дека за преговори треба да покажат почитување

САД нема да го присилат Иран на преговори, но доколку во Вашингтон се однесуваат со почитување, Техеран ќе одговори согласно тоа, рече во понеделникот иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф.

Двете земји ги заоструваат конфронтациите од мај кога САД го зголемија протисок врз Иран наредувајќи на сите земји да го запрат увозот на иранската нафта. Вашингтон ги заостри санцките и испрати дополнителни сили на Блискиот исток, а американските борбени авиони и бродови во последен момент биле отповикани од веќе наредиениот напад врз ирански цели, како одмазда за иранското соборување на американски беспилотно летало.

„Иран никогаш нема да попуштат на притисокот на САД… Доколку сакаат да разговараат, треба да почажат почитување. Никогаш не му се заканувајте на Иранец.. Иран секогаш се опирал на притосоците и возвраќал со почитување кога бил почитуван“, изјави иранскиот шеф на дипломатијата Мохамад Џавад Зариф во говорот кој директно го пренесуваше иранската државна телевизија.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно повика на преговори со Иран „без предуслови“. Техеран ја исклучи можноста од преговори со Трамп додека САД не се вратат во рамките на нуклеарниот договор од 2015 година, од кој се повлекоа ланскиот мај, а последните американски санкци против иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи ги нарече „идиотски“.

Самиот Хамнеи ја отфрли можноста за какви и да се преговори со САД, додека иранскиот претседател Хасан Роухани, кој заземаше многу попрагматичен пристап во односите со Вашингтон, претходно сигнализираше дека преговорите се можни, доколку се укинат санкциите.

Како одговор на повлекувањето на САД од нуклеарниот договор чии потписници се и петте светски сили Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, и особено поради враќањето на санкциите, Иран во мај најави дека ќе ја суспендира својата обврска од договорот која се однесува на количеството на збогатен ураниум. Техеран за закани дека доколку европските партнери од договорот се однесуваат според американските санкции, за четири пати ќе го зголеми количеството на ниско збогатен ураниум, а дипломати наведуваат дека само неколку дена го делат од достигнувањето на максимално дозволената граница според нуклеарниот договор. Ж

Во текот на последните преговори во петокот во Виена со кои се настојуваше да се убеди Иран да се откаже од плановите за достигнување на максималното дозвоелно количество збогатен ураниум, како и зголемвуањето на нивото на збогатување и ставењето во функција на постројките за тешка вода во Арак, европските земји потписнички на договорот понидиле премалки за возврат.