Иран им предложил на земјите во Заливот потпишување договор за ненапаѓање

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф им предложил на земјите во Персискиот залив да потпишат договор за ненапаѓање поради зголемените напнатости во регионот, соопшти владата на Исламската Република.

Зариф ваквата иницијатива ја изложил во Багдад, на средбата со министерот за надворешни работи на Ирак, Мухамед Али ал-Хаким во неделата. Иранскиот дипломат, исто така, истакнал дека Техеран сака да ги подобри односите со земјите во Персискиот залив и ги поздравува сите предлози за намалување на тензиите.

Претходно неименувани извори од владата во Багдад рекле дека Ирак заедно со Русија и уште четири земји кои не сакал да ги наведе, ќе настапат како посредници во решавањето на најновиот конфликт меѓу Вашингтон и Иран.

Минатата година САД еднострано истапија од меѓународниот договор за ограничување нуклеарната програма на Иран во замена за укинување на децениските економски санкции потпишан во 2015 година со шесте светски сили, на што Техеран по една година во мај годинава одговори со суспендирање на дел од своите обврски од договорот во обид да ги задржи во договорот европските потписнички кои се американски сојузници.

Односите меѓу САД и Иран последните месеци значително се влошија, кога Вашингтон дефинитивно ги воведе санкциите против клучниоте области од иранската економија, со цел Техеран „да го промени своите агресивно однесување“ во регионот на Блискиот исток.

Иран, од своја страна, ја прогласи Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) за терористичка организација, а самите САД за „држава спонор на тероримот“. Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф ги повика другите земји да се спротистават на американските санкции.

Потоа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, во врска со испраќањето на две групации на ударните групи бродови на два носача на авиони, стретешки бомбардери „В-52“ и бродови со ракетните системи „Patriot“, рече дека Вашингтон испраќа „јасен и непогрешлив сигнал за иранскиот режим дека секој напад врз силите и интересите на САД или нивните сојузници ќе се соочи со безмилосна сила“.

САД во петокот објавија испраќање на уште 1.500 војници на Блискиот истој, правдајќи го потегот како напор за зајакнување на одрбанбената моќ против Иран и обвинувајќи ја оваа земја дека наводно стои зад нападот врз саудиските танкери пред две седмици, иако Вашингтон ниту се потруди да даде некаков доказ за тоа. На тоа во саботата генералот Мортеза Корбани, советникан командантот на Гардата на чуварите на исламската револуција (IRGC) одговори дека Иран со „две ракети и две совршено тајни оружја, ќе ги испрати на дното“ американските воени бродови кои се рспоредени во Персискиот залив.