Иран изготви „конструктивни решенија“ околу спорот со нуклеарната програма

Иран претстави „конструктивни решенија“ за спорот во преговорите со шестте светски сили околу иранската нуклеарна програма, изјавил висок дипломат од оваа исламска држава.

„Иран претстави конструктивни решенија со цел премостување на преостанатите разлики, но нема да бидеме флексибилни околу нашите ‘црвени линии’“, истакнал дипломатот кој останал неименуван.

Иран и светските сили се обидуваат да постигнат конечен договор околу окончувањето на 10-годишниот спор во врска со нуклеарната програма на оваа земја.

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Волтер Штајнмаер појаснил дека Иран мора да допринесе околу градењето доверба помеѓу двете страни.

„Нас ни е потребно да бидеме сигурни дека има транспарентност во врска со ветувањата кои ги дава Иран“, истакнал германскиот дипломат.

Во Виена е веќе изминат и вториот рок за постигнување конечен договор, а разговорите се продолжени на уште неколку дена, најверојатно до петок, 10 јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.