Иран му помогнал на странски танкер

Иранското министерство за надворешни работи извести дека во вторникот Исламска Републикја му помогнала на „странски нафтен танкер кој имал технички проблем“ во Персискиот залив откако од него примила порака со повик за помош.

„Според меѓународниот закон (…) иранските сили му се приближија на бродот и со помош на реморкори го довлекле во иранските води за да го поправат“, објави портпролот на иранската министерството Абас Мусави, објави владата на својот официјален акаунт на Twitter. Додал дека поединостите ќе бидат објавени дополнително.

Организацијата „TankerTrackers“ специјализирана за следење за товарењето на нафта, објави претходно дека танлкерот „Riah“ кој под панамско знаме пловел во Ормутскиот теснец поради снабдување на бродовите со гориво влегол во иранските територијални води на 14-ти јули. Во тој момент, според организацијата, во тој момент исчезнал сигналот од системот за автоматска идентификација на танкерите. Последната позната позиција на „Riah“ бил во Ормутскиот теснец, во близина на островот Кешма.

Функционер од Обединетите Арапски Емирати кој сакал да остане анонимен, во вторникот изјавил дека од нафтениот танкер не бил испратен повик за помош.

„Споменетиот танкер не е во сопствеништво на Емиратите, не е упатен од Емиратите, на нема емиратски персонал и не испратил повик за помош. Ја следиме ситуацијата заедно со меѓународните парнери, рекол функционерот за AFP.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.