Иран му порача на Трамп да се повлече од Блискиот исток ако сака евтина нафта

Американскиот претседател Доналд Тремп би требало да се повлече од Блискиот исток доколку сака цените на нафтата да престанат да растат, изјави во средата иранскиот министер за нафра, Бијан Намдар Зангенех.

„Трамп се обидува да го намали извозот на иранската нафта, но и да осигури цената на нафтата да остане исто, но не е можно да се остварат и едното и другото.. Доколку сака цената на нафтата да остане иста и пазарот да остане стабилен, би требало да престане со непотребното мешање во политиката и Блискиот исток“, рече за иранските агенции министерот Заганех.

Министерот за нафта тврди дека зад неодамнешниот раст на цените стои токму Трамп, а не Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и големите извозници надвор од картелот предводени од Русија.

Во својот говор на Генералното собрание на ОН во вторникот, американскиот претседател ги повика OPEC да го зголеми производството на нафта и да престанат да ги зголемуваат цените. Исто така го обвини Иран дека сее хаос на Блискиот исток и се закани со натамошни санкции.