Иран најави егзекуција на шведско-ирански државјанин на 21-ви мај

Шведско-иранскиот државјанин Ахмадреза Џалали осуден на смрт во Иран на основа на обвинението за шпионирање за израелското разузнавање ќе биде погубен подоцна месецов, извести во средата полуофицијалната иранска новинска агенција ISNA повикувајќи се на неименувани извори.

Џалали, лекар и научник, беше уапсен во 2016 година во текот на својата посета на Иран, а треба да биде погубен на 21-ви мај, пренесува агенцијата.

Оваа информација доаѓа во време додека се Хамид Нури, поранешен иански обвинител кого шведските власти го уапсија 2019 година, се соочува со доживотна затворска казна во Шведска по обвиненија за меѓународни воени злосторства и кршење на човековите права.

Нури е обвинет дека наводно ја одиграл водечката улога во убиства на политички затвореници погубени по наредба на владата во Техеран, егзекутирани во затворот Гохордашт во Карај во Ирана во 1988 година.

Шведското министерство за надворешни работи не одговорило веднаш на барањето на агенцијата Reuters да ја коментира информацијата на ISNA.

Според шведските закони, судовите можат да им судат на шведски и на странски државјани за злосторства сторени против меѓународните закони, а коишто се извршени во странство.

Иранското министерство за надворешни работи во понеделникот го повикало шведскот амбасадор да му го пренесе приговорот на Исланмската Република на „неоснованите и измислени обвинувања коишто шведскиот побвинител ги изнел против Иран во текот на судската постапка против Нури“, известува ISNA.