Иран: Нарачани и неодговорни обвинувања од Европа за нападот врз саудиските рафинерии

EPA-EFE/STRINGER

Нарачани и неодговорни се обвиненијата од страна на Франција, Германија и Велика Британија за нападите со дронови врз двете најголеми нафтени постројки претходно месецов во Саудиска Арабија, коментираше во вторникот официјален Техеран, истакнувајќи дека тие се дадени пред да биде спроведена истрагата.

Претходно во вторникот Париз, Берлин и Лондон искочија со заедничко соопштение во кое изразуваат солидарност со Вашингтон, во кое одговорноста за споменатите напади врз двете најголеми саудиски нафтени постројки ја префлираат на Иран, иако одговорноста веднаш ја преземаа бунтовнциите од јеменската шиитска заедница Хути.

„Овој чекор самиот посебе е провокативен и деструктивен (…) се базира само на смешни аргументи (…) не постои друго можно објаснување“, одговори министерството за надворешни работи на Исламската Република.

Се истакнува, исто така, дека вавкиот пристап ги следи чисто политичките цели и се предупредува дека тоа може да предизвика нова ескалација на напнатоста во регионот.

Неколку посторјки на саудската државна компанија за нафта и гас „Saudi Aramco“ на 14-ти септември беа цел на напади со беспилотни летала, по штоп Ријад беше принуден за повеќе од половина да го намали производството на нафта.

И покрај тоа што одговорноста ја преземаат Хутите, против кои во Јемен војуван сунитската арапска коалиција предводена од Саудиска Арабија, Вашингтон и Ријад за нападите го обвинија Техеран.

Иран ваквите обвинувања и претходно ги нарече лажни. Владата во Техеран истакна дека нападиоте врз нафтените постројки му штетат на целиот регион и истакна дека ваквите обвинувања се традиционални за САД и не се изненадувањечки. И покрај отсуството на докази за вмешаноста на Иран во нападите, американскиот претседател Доналд Трамп наложи значително заострување на санкциите против Техеран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.