Иран објави дека развил крстосувачки проектил со долг дострел

Иран развил крстосувачки проектил со дострел 1.650 километри, соопшти еден од главните команданти на Револуционерната гарда, во петокот, што предизвикува загриженост кај колективниот Запад, особено затоа што ја обвинува Русија дека наводно користела ирански дронови во војната во Украина.

Командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, Амир-Аил Хаџизадех, во посебна изјава зборува за повеќекратните закани кон Иран и дека ќе ја одмазди смртта на поранешниот главен ирански командант кого го убија Американците и порачувајќи дека има намера „да се убие (поранешниот американски претседател Доналд) Трамп“.

„Нашата крстосувачка ракета со дострел од 1.650 километри е придодадена на арсеналот на Исламската Република Иран“, изјави Хаџизадех за државната телевизија.

Истовремено телевизијата емитуваше снимки за кои беше наведено дека го прикажуваат новиот крстосувачки проектил со долг дострел наречен „Paveh“.

Хаџизадех рече и дека Иран не сакал да ги убие „кутрите војници“ кога го извел ракетниот напад под водство на САД во соседен Ирак откако водечкиот ирански воен командант Касим Сулејмнани на почетокот од 2020 година беше убиен во американски напад со беспилотно летало на меѓународниот аеродром крај ирачката престолнина Багдад.

„Ако даде Господ, имаме намера да го убиеме Трамп. (Поранешниот американски државен секретар Мајк) Пенс и воените команданти кои ја издале командата (да се убие Сулејмани) треба да бидат убиени“, изјави Хаџизадех во телевизиското интервју во континуираните ирански закани за одмазда на Сулејмани кој во земјата уживаше култен статус.

Иран ја прошири својата ракетна програма, особено во сферата на балистичките проектили, и покрај сите обиди да ја попречат од страна на САД и Израел, и непознато зошто стравувањата на западните европски земји. Техеран тврди дека неговата ракетна програма има целосно одбранбен карактер и е наменета за одвраќање.

Пентагон ланскиот ноември изрази голема скепса во однос на извештаите кои се повикуваат на тврдењето на Хаџизадех дека Иран развил хиперсонични балистички ракети.