Иран објави дека САД се согласиле да укинат над илјада санкции

Ирански извори во средат пренесуваат дека на преговорите за нуклеарниот договор во Виена е постигнат голем напредок и оти е планирано укинување на повеќе од илјада американски санкции.

Шефот на кабинетот на иранскиот претседатело Махмуд Ваези изјавил дека ќе бидат „укинати 1.040 санкции, вклучително и оние над извозот на нафтата, банкарските трансакции и шпедицијата“, пренесува иранската новинска агенција INSA.

Меѓу санкциите кои САД се согласиле да ги укинат се и ограничувањата насочени против поединци, како што е врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи, членовите на неговиот кабинет и вработеите, пишува германската новинска агенција DPA.

Постојат и санкции кои не се директно поврзани со нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили постигнат во австриската престолнина кон крајот на 2015 година. За тоа прашање ќе биде потребно дополнително да се разговара, трвдат иранските извори.

Во соопштението кое го пренесува ISNA, се додава дека теми на разговорите не биле прашања како што е иранскат нуклеарна политика, политиките на Блискиот исток и човековите прешања, на коишто инсистираат САД уште од мај 2018 година кога се повлекоа од договорот, затоа што тие не се поврзани со нуклеарните пеговори.

САД во мандатот на претседателот Доналд Трамп еднострано се повлекоа од договорот, и притоа ги вратија децениските санкции за Иран. Иако администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден вети враќање во договорот, Вашингтон и натаму инсистира на споменатите прашања.

Од своја страна Техеран, откако европските потписници не успеаја да ја заштитат иранската економија од американските санкции, започна со постепено суспендирање на дел од своите обврски од договорот. Тоа вклучи и ораничување на меѓународните инспекции на неговите нуклеарни постројки, како и зголемување на нивото и количеството на збогатениот ураниум.

Преговорите за обновување на договорот од 2015-та веќе со седмици траат во Виена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.