Иран објави ново кршење на нуклеарниот договорот

Шефот на иранската Организацијата за атомска енергија Али Акбар Салехи денеска изјави дека Иран работи на прототип на центрифуга која е 50 пати побрза од дозволеното со нуклеарниот договор со светските сили.

Тој за најновото кршење на нуклеарниот договор соопшти во време кога Иран одбележува 40 години од опсадата на Амбасадата на САД и почетокот на заложничката криза, што траеше 444 денови.

Салехи истакна дека името на прототипот е ИР-9 и ќе биде 50 пати побрз од првата генерација ИР-1с, што беше дозволен со Договорот од 2015 година.

Иран веќе ги прекрши ограничувањата за резервите и збогатувањето во обид со цел да изврши притисок врз Европа да предложи нов договор, повеќе од една година откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот.

Салехи наведе дека Техеран користи напредна центрифуга 60 ИР-6 што може да произведе збогатен ураниум десетпати побрзо од првата генерација центрифуги ИР-1с.

Илјадници Иранци денеска скандираа „Смрт на Америка“ во близина на некогашната Амбасада на САД на денот кога се одбележуваат 40. години од студентското заземање на Амбасадата на САД во Техеран во 1979 година и заложничката криза.

Државната телевизија емитуваше снимки од демонстрантите околу поранешната Американска амбасада која по Иранската исламска револуција во 1979 година е наречена „дувло на шпиони“. Собири се одржани во околу илјада населени места ширум Иран.

Набрзо по падот на шахот Реза Пахлави студенти исламисти упаднаа во Амбасадата на САД и 52 Американци држеа во заложништво 444 денови. Оттогаш Иран и САД се непријатели. Упадот во Американската амбасада се случи откако Вашингтон му дозволија на соборениот шах Пахлави да се лекува во САД.

Во 2015 година, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија со Иран потпишаа акциски план кој предвидуваше, меѓу другото, нуклеарно разоружување на Техеран, во замена за постепено укинување на санкциите врз земјата. Но, администрацијата на Доналд Трамп минатата година одлучи да се повлече од мултилатералниот договор и повторно воведе санкции кон Иран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.