Иран објави видео од соборениот американски дрон

Иранската армија објави видео снимка од соборувањето на американското беспилотно летало.

Во информацијата до јавноста на иранските власти се вели дека нивната армија лансирала ракети земја-доздух, кои го собориле дронот. Според нив, леталото на САД го нарушило воздушниот простор на Иран.

Овој најнов инцидент, по нападите на танкерите со нафта во Персискиот залив, ги зголеми на највисоко ниво тензиите меѓу САД и Иран.