Иран официјално го предупреди Вашингтон: Ќе одговориме на напад

Иранскиот одговор на евентуален воен напад нема да биде „ограничен на неговиот извор“, порача Техеран во официјална дипломатска нота упатена до Вашингтон.

Во службената нота која на САД и е испратена преку швајцарската Амбасада, Иран повтори дека не стои зад нападот на нафтената постројка во Саудиска Арабија.

Техеран упати и предупредување дека секој чекор на САД кон Иран ќе има директна реакција.