Иран: Осудениот на смрт британски државјани вмешан во убиството на нуклеарен научник

Британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари, кој е во затвор и е осуден на смртна казна поради шпионажа во полза на Велика Британија, учествувал во убиството на водечки ирански нуклеарен научник, објавија во четвртокот иранските медиуми кои како доказ објавија видео снимка.

Акбари во видеото не ја призна директната вмешаноста во атентатот врз научникот Мохсен Фахризаде шеф на Организацијата за одбранбени иновации и истражувања (SPND) и професор на Техеранскиот универзитет, кој на крајот од ноември 2020 година беше убиен во предградие на Техеран, меѓутоа потврди дека британски шпион барал информации за него.

Западните тајни служби го сметаа Фахризаде за предводник на иранските напори да развие нуклеарно оружје. Техеран неговото убиство тогаш го припиша на израелските тајни служби со оружје поставено во паркиран автомобил од страна на ирански соработници а сателитски управувано.

Во посебна аудиоснимка, за која британски BBC на персиски јазик тврди дека е Акбари но не наведува кога и како е снимена, овој поранешен заменик на иранскиот министер за одбрана, вели дека го „признал злосторството кое не го сторил во текот на повеќемесечното мачење во притворот“.

Во видеото од четвртокот, емитувано на иранските медиуми, Акбари сека не кажал кои информации ги споделил со британскиот агент.

„Сакаа да знаат повеќе за високите функционери зависно за главните настани… На пример, тој (британскиот агент) ме праша дали Фахризаде би можел да биде вклучен во одредени проекти, а јас објаснива зашто не може“, вели Акбари во видеото кое го емитуваше иранската новинска агенција IRNA.

Во средата иранскиот Врховен суд потврди дека британско-иранскиот државјанин Акбари го прогласил виновен за шпионажа во полза на Велика Британија, што го разбесни Лондон кој веднаш бараше казната да не биде спроведена,

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли остро реагираше во објавата на Twitter.

„Иран мора да го прекине извршувањето на смртната казна над британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари и веднаш да го ослободи. Тоа е политички мотивиран чин на варварскиот режим кој целосно го презира човечкиот живот“, истакна Клеверли.

Акбари бил соработник на Али Шамкани, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Шамкани беше министер за одбрана од 1997 до 2005 година, а Акбари тогаш бил негов заменик.

„Обвинет сум дека сум дошол до доверливи информации од Шамкани во замена за шишенце парфем и кошула во текот на претседателскиот мандат на (поранешниот ирански претседател Хасан) Роухани“ (кој беше претседател од 2013 до 2021 година), наводно вели Акбари во аудио-снимката на BBC.