Иран отфрла можни билатерални разговори со САД

Иран никогаш нема да одржи билатерални раговори со САД, но доколку Вашингтон ги укине сите санкции наметната против Техеран, може да им се приклучи на мултилатерални разговори меѓу иранските претставници и другите потписници на нулеарниот договор од 2015 годинам, изјави во вторникот иранскиот претседател Хасан Роухани.

„Никогаш не е донесена одлука за разговори со САД, иако имаше многу понуди, но нашиот одговор секогаш беше негативен… Доколку Американ ги укине сите санкции, тогаш како и претходно може да учествува во мултилатерални разговори меѓу Иран и другите потпосници на нуклеарниот договор“, рече Роухани на парламентарната седмица која беше пренесувана на државното радио.

Американскиот претседател и покрај „максималниот притисок“ врз Иран повика на средба со иранските лидери и одржување билатерални разговори без никакви предуслови за да се стави крај на долгогодишната конфронтација меѓу двете земји,

Во август Роухани изјави дека нема да разговара со доглогодишниот непријател сѐ додека САД не ги укинат сите санкции наметнати откако Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор во мај минатата 2018 година