Иран почна да произведува метал ураниум

Иран почна да произведува метал ураниум, што се користи како гориво за еден од своите нуклеарни реактори, а тоа претставува уште едно кршење на Договор за ирансската нуклеарна програма, соопшти синоќа Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во соопштението се наведува дека од 8 февруари во погонот во Испахан, централен Иран, утврдено е присуство на метал ураниум.

МААЕ наведува дека тој вид ураниум може да се користи и во производство на нукеларно оружје.

Договорот за иранаската нуклеарна програма потпишан во 2015 година предвидуваше ограничување на збогатување на ураниум во замена за укинување на економските санкции кон Иран. Во 2018 година САД едностарано се повлекоа од Договорот, а Техеран почна да не ги почитува одредбите.