Иран порача дека американската војска нема што да бара во Персискиот залив

445

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф во понеделникот вечерта реагираше на новите санкции на САД како одмазда за иранското уривање на нивното беспилотно летало, велејќи дека Вашингтон ја презира дипломатијата и е гладен за војна, како и дека американската војска нема што да бара во Персискиот залив.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот ја потпиша извршната уредба за новите санкции кои се воведени против иранскиот вроховен водач ајатолахот Али Хамнеи и други високи фунцкионери, како одмазда за соборувањето на дронот, за кои полуслужбените ирански новински агенции Tasnim и Fars, оценија дека се настанати врз основа на „измислени оправдувања“.

„Американскиот претседател Доналд Трамп стопроцентно е во право кога вели дека американската војска нема што да прави во Персискиот залив. Повлекувањето на неговите сили соврешено им одговара на интересите на САД и на светот“, напиша на Twitter Зариф, кој според најавите од Вашингтон, оваа седмица лично ќе се најде на удар на новите американски санкции.

Малку претходно во понеделникот Трамп ги повика земјите извознички но и големи увознички на нафта „да ги заштитат своите бродови“ по низата инциденти со нафтените танкери во Персискиот залив и Ормутскиот теснец, за кои Вашингтон го обвинува Техеран кој негира каква и да е поврзаност.

„91 отсто од кинескиот увоз на нафта минува низ Ормутскиот теснец и 62 отсто од јапонскиот, а во иста ситуација се и многу други земји. Зошто (веќе со години) ги штитиме овие навигациски патишта без и најмал надомест? Сите овие земји би требало да ги штитат своите сопствени бродови во овој отсекогаш опасен премин“, напиша Трамп на Twitter.

Зариф пак на микроблогот одговори дека „сега е јасно дека (бандата на Болтон) не води сметка за американските интереси“: „ја презираат допломатијата и сакаат војна“.

Зариф го употребува во твитот англискиот израз „тимот Б“ (B team) за групата личности којашто според него ја сочинуваат американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман бин Абдулазис ал-Сауд, и престолонасленикот во Аби Даби, шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, сите до еден жестоки поборници на најтврдата линија против Иран. Зариф ја обинува оваа четворка дека се „сивата еминенција“ којашто американскиот претседател Трамп ги наговорува на одлуките кои ги носи во врска со Иран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.