Иран порача оти се воздражал да собори и воен авион на САД

Иран демантира дека американскиот претседател Доналд Трамп не испратил предупредување за можен напад, изјави во петокот портпаролот на итранскиот Врховен совет за национална безбедност, Кеијван Хосравив во интервју за IRIB.

Висок ирански воен командант вели дека Иран се воздржал од соборување на американски авион со 35 луѓе кој го придружувал американското шпионско беспилотно летало коешто беше соборено над Персискиот залив.

„Покрај американското беспилотно леталот, имаше и авионски авион од типот P-8 со 35 лица“, изјави за иранските новинари, Амир Али Хаџизадех, командант на Воздухопловната дивизијана иранската гарда, пренесен PRESSTV.

„Овој авион, исто така, влезе во нашиот водушен простор и можевме да го целиме, но не го сторивме тоа затоа што нашата цел со соборувањето на беспилотното летало беше да им се упати предупредувањет на терористичките сили на Америка“, рекол Хаџизадех.

Претходно агенцијата Reuters повикувајќи се на сопствени извори запознаени со ситуацијата објави дека американскиот претседател Доналд Трамп во порака испратена до Техеран непосредно пред наредбата за напад врз Иран којашто беше отповикана, порачал дека сака преговори а не војна. Со тоа наводно на Техеран му било дадено „ограничено кусо време“ за одговор.

Агенцијата додаде дека Техеран, како одговор на пораката на Трамп, соопштил дека секој напад врз Иран ќе има регионални и меѓународни последици, а дека одлуката за одоговор ќе ја донесе иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи.

Ваквите драматични околности се случуваа откако Корупсот на гардата на исламската револуција објави дека иранските сили собориле американско беспилотно летало на влезот од Персискиот залив, откако навлегло во иранскиот воздушен простор. Спротивно, Централната команда на вооружените сили на САД изјави дека Иран го соборил дронот над Ормутскиот теснец, во меѓународен воздушен простор, на 34 километри од најблиската иранска точка.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аракчи во телефонски разговор со швајцарскиот амбасадори во Техеран, Маркусј Лајтнер, кој ги застапува и интересите на САД, протестирал против американсата агресија. Истакнал дека „Иран не бара војна и конфликт во Персискиот залив“, но истовремено предупредил „американските сили да не преземаат никакви непромислени потези во регионот“ и додаде дека Иран ќе се брани „со сите средства против агресијата“