Иран порача дека збогатувањето на ураниумот е одговор на нападот во Натанц

Одлуката за збогатување на ураниумот на високот ниво од 60 отсто е одговор на Иран на саботажата во нуклеарната постројка во Натанц, порача во средата иранскиот претседател Хасан Роухани и повтори дека Исламската Република не планира да прави нуклеарно оружје.

Иран за инцидентот во Натанц го обвини својот децениски регионален непријател Израел, дека со саботажа предизвикал експлозија во неделата на нуклеарната постројка и се вети дека ќе се одмазди со зголемување на нивото на збогатувањето на ураниумот, што е чекор поблиску до критичното ниво од 90 степени потребно за развој на нуклеарно оружје.

Иран, исто така, објави дека ќе ги активира 1.000 центрифуги од последната генерација во Натанц, што ќе му овозможува побрзо и количински повеќе на збогатениот ураниум.

„Секако, нашите безбедносни и разузнавачки служби мора да ги дадат конепчните извештаи, сѐ зборува дека тоа е злосторство на ционистите, а доколку ционистите (Израел) работот против нашата нација ние ќе одговориме“, изјави иранскиот претседател по состанокот на својата влада.

„Нашиот одговор на нивното зло е да се заменат оштетените центрифуги со понапредни и да го зголемиме збогатувањето на ураниумот на 60 отсто во постројката во Натанц“, порача Хасан Роухани.

Иранските власти инцидентот во Натанц го нарече „нуклеарен тероризам“. Израел официјално не ги коментираше обвинувањата а ниту ги негираше, но безбедносни извори за тамошните медиуми потврдиле дека еврејската држава стои зад саботажата, а прв за тоа објави весникот The New York Times.

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), којашто според договорот од Виена од 2015 година спроведува инспекции на иранската нуклеарна програма, соопшти во вторникот дека е известена за одлуката на Техеран.

Иран, откако САД во мај 2018 година се повлекоа од договорот а европските потписници не успеаја да ја заштитат девастираната иранска економија од новите американски санкции, започна со суспендирање на своите обврски од договорот и започна со збогатување на ураниумот на 20 отсто, иако со договорот му е дозволено збогатување на 3,67 отсто. Тоа е далеку под 20 отсто колку што Иран постигнуваше пред договорот и далеку под 90 отсто потребни за развој на нуклеарно оружје.

Се смета дека ова зголемување е притисок врз администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден кој најави враќање на САД во нуклеарниот договор, но како и неговиот претходник Доналд Трамп, поставува услови на кои инсистира американскиот регионален сојузник Израел.

Иранскиот претседател Роухани во средата го повтори тврдењето кои Иран го повторува повеќе од деценија, дека државата не сака и оти шиитскиот ислам не го дозволуваат правењето оружје за масовно уништување, и дека неговата нуклеарна програма е намената за цивилни цели, за производство на електрична енергија и во медицински истражувачки цели.

САД оваа најава на Иран ја оцени како „провокативна“, и изрази загриженост и го постави прашањето во подготвеноста на Техеран да ги продолжи преговорите кои треба да продолжат во четврток во Виена. Преговорите би требало да ги врати САД во меѓународниот доовор во кој се и Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, и да ги привлече Иран да се врати на целосно почитување на неговите обврски.

Инцидентот во Натанц во неделата коинцидираше со посетата на американскиот министер за одбрана Лојд Остин на Израел кој ја повтори доследноста на администрацијата на Бајден на израелските интереси.

„Тие (Израел) сакаат на преговорите да одиме со празни раце, но ние ќе преговараме со цврста рака“, рече Роухани.