Иран повторно ќе ја инсталира отстранетата опрема за надзор

Иран му даде сеопфатни гаранции на надзорното тело на Обединетите нации за нуклеарната енергија дека конечно ќе помогне во долготрајната истрага за честичките од ураниум пронајдени на непријавени локации, па дури и повторно ќе ја инсталира отстранетата опрема за мониторинг, соопшти во саботата Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA).

ОН и Иран издадоа заедничка изјава по враќањето на челникот на МААЕ, Рафаел Гроси од патувањето во Техеран, само два дена пред кварталниот состанок на агенцијата на нејзиниот Одбор на гувернерите.

Во изјавата има малку дадени поединости, но можноста за значително подобрување на односите меѓу МААЕ и Техеран веројатно ќе го спречи притисокот на Западот да донесе уште една резолуција со која се бара од Иран да соработува, велат за Reuters западни дипломати. Потестиваат дека Иран и претходно давал слични ветувања, од кои малку или ништо на крајот се остварило.

„Иран ја изрази својата подготвеност… да обезбеди дополнителни информации и пристап за решавање на отворените нерешени прашања за заштитните мерки“, се вели во заедничката изјава. Во доверливиот извештај на МААЕ до земјите-членки, кој Reuters го имал на увид, се вели и дека Гроси „се радува… на брза и целосна имплементација на заедничката изјава“.

Иран треба да обезбеди пристап до информации, локации и луѓе, изјави Гроси на прес-конференцијата на аеродромот во Виена веднаш по слетувањето, сугерирајќи големо подобрување по годините избегнување од страна на Иран.

Иран, исто така, ќе дозволи повторно инсталирање на дополнителна опрема за следење што беше инсталирана според нуклеарниот договор од 2015 година потпишан со шесте светски сили, но потоа отстранета минатата година, откакко уште од 2018 година САД еднострано се повлекоа од повлекоа од договорот инсистрирајќи во него да биде вклучена и иранската ракетна програма. Вашингтон потоа ги врати децениските санкции против Техеран, а иранската страна откако западните европски потписнички на договорот не можеа да ја заштитат иранската девастирана економија од американските санкции, постепено почна да ги суспендира своите обврски договори, вклучително и за бројот на напредните центрифуги и степенот и колечството на збогатен ураниум на 20 отсто.

Последователните разговори во Иран меѓу МААЕ и иранските претставници за договор за деталите ќе се случат „многу, многу наскоро“, рече Гроси. Запрашан дали целата таа опрема за надзор ќе биде повторно инсталирана, Гроси рече „да“. Но, на прашањето каде повторно ќе се инсталира, тој само рече дека ќе биде на повеќе локации.