Иран престана со спроведувањето на дел од обврските од нуклеарниот договор

Иран официјално престана со привременото спроведување на одредени обврски кои произлегуваат од Заеднички план за сеопфатна за акција (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA) од 2015 година потпишан со шесте светски сили, изјавил ирански функционер, потврдувајќи дека тоа го наложил иранскиот Национален совет за безбедност (SNSC), објави во средата новинската агенција ISNA.

За агенцијата информацијата ја подтврдиле и извори од Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI).

„Запирањето програми повразни со усогласеноста на ограничувањето за производство на збогатен ураниум, како и и неогранитечното производство на тешка вода во објектот Арака се програмите кои сериозно се спроведуват како што е истакнато во текот на првиот 60-дневен период кој е првиот чекор на Иран како одговоро на повлекувањето на САД од нуклеарниот договор“, рекол неименуван соговорник на агенцијата.

Додал дека со цел точно да биде информирана јавноста, контактирани се новинари и дописници кои треба да ги посетат инсталациите во нуклеарните објекти во Натанц и Арак.

Според нуклеарниот договор, Иран можеше да произведува нискозбогатен ураниум со ограничување од 300 килограми, и тешка вода со резерви до 130 тони. Техеран, затоа, би можел вишокот да го продава или да го складира.

Минатата седмица Иран ги известил Кина, Франција, Германија, Русија и Велика Британија деќе ќе суспендира некои од своите обврски од никлеарниот договор, точно една година откако САД еднострано се повлекоа од договорот и повторно наметнаа санкции против Исламската Република. Техеран им даде 60-дневен период на европските потписници на договорот да се придржуваат до договорот и покрај американските санкции.

Првичните потези на Иран засега не го нарушуваат договорот JCPOA. Меѓутоа, Техеран предупреди дека доколку не ја заштитат иранската економија од новите американски санкции во рок од 60 дена, ќе започне да произведува збогатен ураниум на повисоко ниво. Договорот ја ограничи чистината на иранскиот ураниум на 3,67 отсто, што е многу под 90 иотсто, колку што е потребно за производство на нуклеарно оружје. Тоа е исто така далеку под 20 отсто, колку имаше Иран пред постигнувањето на договорот од 2015-та. Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во сите досегашни извештаи по ненајаваените неселективни инспекции на иранските нуклеари постројки наведуваше дека Техеран се придржува до одредбите од споменатиот договор.

Европската унија и министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велија Британија истакнаа дека и натаму се приврзани на договорот, но и дека не ги прифаќаат ултиматумите од Техеран. Врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи во вторникот рече дека ниту Иран, ниту САД не сакаат воен судир и покрај зголемување на тензиите меѓу двата големи непријатели. Хамнеи, како и претходно Гардата на чуварите на исламската револуција, порача дека Иран нема повторно да преговара со Вашингтон.

Капацитетите за збогатување ураниум беа централните и најтешките прашања во текот на реиси двегодишните преговори мешу Техеран и шесте светски сили. Иран, откако се согласи на отстапките за збогатување ураниум до 20 отсто, што се смета за преоден момент кон изработката на нуклеарно оружје, инсистираше на тоа дека мора да ги прошири своите капацитети за збогатување до 5 проценти за неговата планирана мрежа нуклеарни централи за производство електрична енергија.

Западните земји преку споменатата ткн група „пет плус еден“ сакаа официјален Техеран да ги намали капацитетите за да не дојде во можност да произведе нуклеарна бомба. Нивната цел беше Иран да прифати капацитети од десет илјади работни единици за сепарација (SWU), што претставува еквивалент на десет илјади центрифуги од постариот тип коишто веќе ги имаше. Иранските функционери велат дека им се потребни 190 илјади центрифуги, и оти за две до пет годни тоа е апсолутната потреба на оваа земја.

Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилни цели, односно за производство на електрична енергија и за медицински истражувања, како и дека нем намера да произведе нуклеарно оружје од што стравува Западот, но истакнува дека негово неприкосновено право како држава е да има нуклеарни постројки. Во моментов во Иран има повеќе од 19 илјади центрифуги за збогатување ураниум. Главно тоа се постројките IR-1 од постарата генерација, а десетина илјади од нив работата на зголемување на концентрацијата на ураниумовиот фисиски изотоп U-235. Кога во 2006 година Обединетите нации првпат по инсистирање на Западот воведоа санкции за Иран, само што започна тестирањето на првите неколку стотици центрифуги. Оттогаш Техеран брзо го зголемуваше нивниот број до 24-ти ноември 2013 година кога со преодниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили тој процес беше сопрен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.