Иран привремено ослободи 54.000 затвореници во борбата против ширењето на Ковид-19

Иран привремено ослободи повеќе од 54.000 затвореници во обид да се бори против ширењето на новиот коронавирус во преполните затвори, јави Би-Би-Си.

Портпаролот на судството, Голомхосеин Есмаили, изјави пред новинарите дека на затворениците им дозволено да излезат од затвор откако нивните тестови на Ковид-19 биле негативни.

Сите привремено ослободени затвореници издржуваат полсени пресуди. Затворениците со казна затвор од повеќе од пет години нема да бидат вклучени во програмата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.