Иран се заканува со збогатување на ураниум поради пасивноста на ЕУ

мохамад џавид ариф, шеф на иранската дипломатија

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф предупреди во саботата дека неговата земја би можела да се врати на збогатувањето ураниум, доколку Европската унија продлжи да се однесува пасивно во однос на амeриканското повлекување од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и заканите со нови санкции.

„Европејците и другите потписници мора да дејствуваа за да ги надоместат ефектите од американските санкци“, изјави Зариф во разговорот за германскиот весник Der Spiegel во саботата.

Зариф, исто така, ја отфрли можноста за директни разговори со американскит претседател Доналд Трамп. Според него, Иран би размислувал за преговори со САД само доколку американската страна се врати во нуклеарниот договор.

САД се повлекоа од сеопфатниот договор постигнат во 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили и од почетокот на август започнаа со повторни санкции врз финансиските и енергетските сектори на земјата а од 4-ти ноември американскиот претседател Доналд Трамп треба да донесе повторно одлука дали дефинитивно ќе ги зголеми. Во меѓувреме Вашингтон им се закани и на големите европски компании со санкции поради инвестициите во Иран, поради што тие се повелкоа од овој пазар.

Зариф вели дека Техеран може да дејтсува „доколу биде уништен балансот“ на она што му се овозможува и што тој преземе во рамките на договорот, додавајќи дека „нафтата и банките“ биле само лакмусов тест. Тоа, сепак, не значи дека Иран, од своја страна, ќе се повлече од договорот чијашто цел беше да се исклучи можноста Техеран да збогатува ураниум до ниво од кое лесно може да се дојде до нукеларно оружје, додава шефот на иранската дипломатија.

Делумната или намалената имплементација, претставува уште една можност, тврди Зариф. Иранскиот дипломат вели и дека европските земји кои се потписнички на договорот од Виена мора да решат дали сакаат да продолжат да вршат притисок врз САД, додавајќи дека Европејците треба да одлучат дали се подготвени своите зборови да ги преточат во дела.

ЕУ досега вербално се спротиставвуаше на повлекувањето на САД нарекувајќи го нуклеарниот договор еден од столбовите на регионалниот и глобалниот мир и стабилност. Техеран од европските потписници, Велика Британија, Франција, Русија и Германија, побара да продолжат да ги спроведуваат своите обврски од договорот кој гарантира укинувањето на економските санакции против Иран.

Капацитетите за збогатување ураниум беа централните и најтешките прашања во текот на реиси двегодишните преговори мешу Техеран и шесте светски сили.

Иран, откако се согласи на отстапките за збогатување ураниум до 20 отсто, што се смета за преоден момент кон изработката на нуклеарно оружје, инсистираше на тоа дека мора да ги прошири своите капацитети за збогатување до 5 проценти за неговата планирана мрежа нуклеарни централи за производство електрична енергија.

Западните земји преку споменатата ткн група „пет плус еден“ сакаа официјален Техеран да ги намали капацитетите за да не дојде во можност да произведе нуклеарна бомба. Нивната цел беше Иран да прифати капацитети од десет илјади работни единици за сепарација (SWU), што претставува еквивалент на десет илјади центрифуги од постариот тип коишто веќе ги имаше. Иранските функционери велат дека им се потребни 190 илјади центрифуги, и оти за две до пет годни тоа е апсолутната потреба на оваа земја.

Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилни цели, односно за производство на електрична енергија и за медицински истражувања, како и дека нем намера да произведе нуклеарно оружје од што стравува Западот, но истакнува дека негово неприкосновено право како држава е да има нуклеарни постројки. Во моментов во Иран има повеќе од 19 илјади центрифуги за збогатување ураниум. Главно тоа се постројките IR-1 од постарата генерација, а десетина илјади од нив работата на зголемување на концентрацијата на ураниумовиот фисиски изотоп U-235. Кога во 2006 година Обединетите нации првпат по инсистирање на Западот воведоа санкции за Иран, само што започна тестирањето на првите неколку стотици центрифуги. Оттогаш Техеран брзо го зголемуваше нивниот број до 24-ти ноември 2013 година кога со преодниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили тој процес беше сопрен.