Иран смета дека Ријад не би го убил Кашоги без заштита од САД

Иранскиот претседател Хасан Роухани изјави дека Саудиска Арабија не би го убила дисидентскиот новинар Џамал Кашоги без американска заштита, пренесува во средата иранската службена новинска агенција IRNA.

„Никој ниту можеше да замисли дека во денешниот свет и во новиот век ќе бидеме сведоци на вакво организирано убиство. Сметам дека оваа земја не би се осмелила да изврши такво злосторство без заштитата од Америка“, го цитира агенцијата иранскиот претседател Хасан Роухани.

Доминатно шиитскиот Иран и Саудиска Арабија, каде што владејачкото семејство го исповеда вехабитскиот облик на сунитскиот ислам, се вековни регионални ривали и ги поддржуваат спроитставените страни во судирите во Сирија и во Јемен, како и различните конфесионални и политички фракции во Ирак и во Либан.

Роухани истакнал дека случајот не смее да биде забошотен поради економските интереси. Саудиска Арабија, имено, има договори особено за набавка на оружје од САД и од западните земји изразени во стотици па и илјади милијарди долари.

„Решението на ова ужасно з.лосторство поради тоа претставува тест за меѓународната зедница дали се поважни човековите права или профитите во милијардите“, додал иранскиот претседател.