Иран тврди дека кибернетичките напади на САД биле неуспешни

Американските кибернетички напади врз ирански цели не биле успешни, изјави иранскиот министер за телекомуникации во понеделникот, неколку дена откако Пентагон објави дека го извел одамна планираниот напад поради онеспособување на иранскиот систем за лансирање проектили.

Долгогодишните тензии меѓу САД и Иран кулминираа откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот отповика воен удар врз ирански цели како одмазда за соборувањето на бесплотното летало во Ормутскиот теснец.

Меѓутоа, во четвртокот Пентагон ги извел долго подготвуваниот и планиран кубернетички напад, објави порталот Yahoo News, цитирајќи повеќе разузнавачки извори. Кибернетичкиот напад ги онеспособил иранските системи за лансирање прокетили, објави, пак, весникот The Washington Post во саботата.

„Многу се трудат, но не успеаја да изведат успешен напад. Медиумите ги интересира дали наводниот кибернетички напад врз Иран е вистина. Минатата година сопревме 33 милиони напади со државниот огнен ѕид“, напиша на Twitter иранскиот министер за телекомуникации, Мохамад Џавад Азари Џахроми,

Оценува дека нападите врз иранските компјутерски мрежи претстауваат „кибернетички тероризам“, алудирајќи на Stuxnet, првиот јавно познат компјутерски вирус користен во напади врз индустриски посторјки, а кои за цел ги имаа иранските нуклеарни постројки во ноември 2007 година.

Вирусот Stuxnet, кој неофицјално го изработиле САД и Израел, е откриен во 2010 година кога е употребен во нападот врз постројките за збогатување ураниум во иранскиот град Натанз.

Вашингтон, како и изралеската влада, пред неколку месеци го обвинја Техеран за засилување на кибернетичките напади. Забележан бил порастот во „злонамерните кибернетички активности“ насочени против САД кои ги спроведуваат лица поврзани со иранската влада, рече директорот на агенцијата за кибернетичка безбедност во американското министерство за внатрешна безбедност, Крис Кребс.