Иран тврди дека соборил американско шпионско летало

Иран остро во четвртокот го осуди американското нарушување на иранскиот воздушен просто со беспилотни шпионски летала, предупредувајќи дека „агресорите ќе понесат одговорност“ за ваквите „провокативни“ потези.

Ноќта кон четвртокот елитната иранска Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека соборила американски шпионски дорн во јужната покраина Хормозган, пренесе интернет поратлот Sepah News. „Соборен е кога влезе во воздушниот простр на Иран кај округот Кух-е-Мебарак, на југот“, се додава во соопштението. Соопшти дека беспилотното летало за надзор од типот „Global Hawk“ било уништено од страна на нејзините воздухопловни сили.

Коментирајќи го инцидентот, генерал-мајорот Хосеин Салами, клавен гомандат на Гардата порача дека тоа е пример како „иранската нација се справува со своите непријатели“. Порача дека државните граници се „црвената линија“ на Иран и оти соборувањето на американскиот дрон испраќа „јасна и цврста порака“ дека бранителите на иранските граници ќе реагираат на секој чин на агресија од која и да е странска земја со „решителен и смртоносен“ удар.

Командантот Салами потврди дека Ирана „не бара војна со никого, но е целосно подготвен да одговори на секаков вид агресија“.

Подоцна во четвртокот портпаролот на министерството за надворешни работи, Абас Мусави, реагираше истакнувајќи дека Иран „силно протестира на ваквите агресивни и провакативни потези“.

Техеран остро предупредува на секакво „нелегално и агресивно“ нарушува на иранскиот воздушен простор од кој и да е „странски натпраник“, додаде Мусави, нагласувајќи дека целата одговорност за ваквите потези паѓа на агресорите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.