Иран успешено тестираше на ракета со дострел од 300 километри

19

Иранската армија тестираше нова наведувачка ракета со дострел до 300 километри, соопшти новинската агенција ИСНА.

-Армиска ракетна единица на Копнената армија тестираше паметна ракета со среден дострел за да ја процени нејзината точност и сила – изјави командантот на иранските копнени сили, Киомарс Хејдари.

Според Хејдари, новата ракета е опремена со „прецизни, разузнавачки и автоматски можности и е подготвена да ги брани границите на Иран во различни временски услови“.

Иран развива своја ракетна програма од 90-тите години на минатиот век. Оттогаш земјата направи одреден напредок во развојот на балистички ракети.

Официјален Техеран одбива да преговара за какво било ограничување на неговиот ракетен сектор, велејќи дека другите земји во регионот веќе имаат ракети од слична класа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.