Иран заплени уште еден странски танкер, обвинува за криумчарење нафта

Иранската револуционерна гарда (IRGC) запленила странски танкер со 700.000 литри нафта и седум членови на екипажот, извести во неделата иранската државна телевизија наведувајќи дека со него била криумчарена нафра за арапски држави.

„Поморските сили на Иранската револуционерна гарда запленија странски нафтен танкер во Персискиот залив кој крумчарел нафта за одредни арапски земји“, се наведува во ивештајот на телевизијата за настанот кој се одиграл на 31-ви јули.

Веста за телевизијата ја потврдил командатнот на Гардата Рамезан Зирах и додал дека „седумте членови на екипажот, кои се од различна националност, се приведени“.

Минатиот месец Иран заплени британски танкер во Ормутскиот теснец, обвинувајќи го за нарушување на поморските прописи, откако претходно британските командоси запленија ирнаски супертанкер кај Гибралтар под сомнение дека превезувал нафта во полза на Сирија која е под санкции.