Иран збогатил ураниум на недозволените 4,5 отсто

Иран во вторникот објави дека збогатил 370 килограми ураниум на ниво од 4,5 отсто, што претставува кршење на ограничвуањата од нуклеарниот договор кој Техерен во 2015 година го постигна со шесте светски сили.

Портапролот на иранската нуклеарна агенција (АЕOI), Беруз Камалванди, го потврдил за државната новинска агенција ISNA, додавајќи дека Иран по еден месец ќе премине на третата фаза од постепеното суспендирање на своите обврски од споменатиот нуклеарен договор. Техеран се реши на ваков чекор во втората половина од годинава, откако САД во мај минатата 2018 година еднострано истапија од договорот и повторно воведоа санкции, а европските земји потписнички Франција, Велика Британија и Германија, според иранските оцени не сториле ништо да го ублажат влијанието на американските санкции врз иранската економија.

Европската унија се обидува начини компаниите да го заобиколата американските финансиски санкции против Иран во настојувањато да се зачува нуклеарниот договор, но процесот е во повечемесечен застој.

Според нуклеарниот договор, Иран може да збогати 300 килограми ураниум најмноги до 3,67 отсто. Со ово договор се настојува да се спречи Иран да дојде до збогатување на ураниумот од 20 отсто, од што лесно може да прејде на развој на нуклеарно оружје. Но Техеран најави дека со третата фаза од постепеното напуштање на договорот ќе започен во септември и ќе го збогатува ураниумот на 20 отсто.