Иранец погубен поради шпионажа за CIA

Иранските власти погубиле свој државјанин, осуден за шпионажа во полза на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), објави во саботата иранската државна телевизија IRIB.

Џалал Хаџи Завар бил соработник на одделот за вселенски истражувања во иранското министерство за одбрана. Тој и сопругата биле уапсени во 2010/2011 година под обвинени дека шпионирале за американската разузнавачка служба, откако властите утврдиле дека во нивниот стан се најдени јасни докази за тоа.

„Пресудата за бесење на поранешниот сосработник, кој работел по договор во министерството за одбрана, кој шпионирал во пола на американската влада, беше спрведена“, го цитира телевизијата соопштението на иранскиот воен суд.

Воениот суд мажот по повеќегодишна истрага го осуди на смрти, а неговата сопруга доби казна од 15 години затвор. Откако пресудата ја потврдил и највисокиот ирански суд, мажот бил погубен на почетокот од седмицава во затворот Раџај Шар во градот Кeреџ, на северот од земјата.

Иран ја извршува смртната казна во случаи на покрај за тероризам, и за убиства, силувања, вооружени грабежи и тешки трговии со дроги, како и во случаи на воена шпионажа. Меѓународните групи за човекови права со години го критикуваат Иран поради ваквите погубувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.