Иранската потпретседателка, исто така, е заразена со коорнавирус

Иранската потпретседателка  одговорна за прашањата на жените и семејството, Масуме Ебтекар, е заразена со коронавирус, јави агенцијата Ирна.

„Постоеја некакви знаци на инфекција, таа беше испитувана, а тестот се покажа позитивен“, соопшти советникот на потпретседателката за иранската агенција.

Според последните податоци од Иран,  бројот на инфекции веќе достигна 245, од кои 26 се со фатален исход.