Ирански дипломат осуден на 20 години затвор во Белгија

Ирански дипломат, обвинет за планирањет бомбашки напад во Франција, осуден е во четвртокот на 20 години затвор во првото судење на некој ирански функционер поради соменевањеа за тероризам во Европската унија по Иранската исламска револуција во 1979 година.

Белгиското обвинителство го прогласи виновен иранскиот дипломат во Виена, Асадолах Асади, за обид за напад на собир на опозицискиот Национален совет на отпорот на Иран (NCRI) во близина на Париз во 2018 година, кој го спречиле во координирана акција, германската, француската и белгиската полиција.

„Оваа пресуда догажува две важни работи: дека дипломатот нема имунитет за кривични дела, како и одговорноста на Иран за обид за терористички напад“, изјави белгискиот обвинител Жеорж-Анри Ботие за новинарите пред судот во Антверпен.

За новинарите и пошироката јавност не беше дозволено присуството во судницата која беше солно обезбедувана, а пред зградата на судот беа распоредени и оклопни возила а беше надлетувана и од полициски хеликоптери.