Ирански генерал: Заминувањето на САД од Блискиот исток ќе стави крај на анархијата и судирите

Анархијата и конфронтациите на Блискиот исток ќе завршат откако од регионот ќе си заминат американските сили, изјави во четвртокот началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран, Могамад Багери во текот на разговорите со министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар.

„Откако САД ќе се повлечат од регионот ќе бидат отстранети корените на анархијата и сите судири…. Иран не е заинтересиран за ексалација, но ќе одговори на секоја агресија“, порача Багери, кого го цитира агенцијата Fars.

Според иранскиот висок воен функционер, „американското убиство на командантот на специјалните сили Ал Кудс на Револуционрната гарда, генералот Касем Сулејмани, беше кукавичко, нечовечно и ги прекрши сите меѓународни норми“.

Ситуацијата на Блискиот остро ескалираше откако ноќта на 3-ти јануари во близина на меѓународниот аеродром во Багдад во американски воздушен напад бише убиени иранскиот генерал Сулејмани и командантот на ирачката шиитска милиција, по последователни ракетирања на ирачки бази во кои се стационирани американски војници. Како одговор на тоа, иранската армија ноќта на 8-ми јануари изведе ракетирања на двете ирачки бази, Аин ал-Асад и Ербил, со американски трупи.

Ирачкиот парламент побара странските војски да ја нашупштат земјата, поради кршењето на нејзиниот суверенитет и предизвикување опасност по нејзината безбедност, откако во петокот во американски воздушен напад во Багдад беше убиен влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани кој допатувал во ирачката престолнина како гостин на властите. Поради оваа резолуција, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции за Ирак, ако ги протера американските сили и порача дека земјата траба да плати за базите кои ги изграделе САД, а повлекувањето го негираа и Пентагон и Стејт департментот.