Ирански командант ја презема целата одговорност за уривањето на украинскиот авион

Командантот на воздухопловните сили на елитните единици на Корпусот на гардата на исламската револуција (ICGR) ја презема „целосната одговорност“ за соборувањето на украинскиот патнички авион, појаснувајќи дека војник на должност сметал дека авионот е крстосувачка ракета, а парламентот во Техеран поради овој трагичен случај закажа итна седница која ќе биде отворена за јавноста, пренесуваат во саботата агенциите со реакциите на признавањето на иранската вина.

„Ја преземам целосната одговорност за оваа катастрофа. Попрво би умрел отколку да предизвикам ваква несреќа“, изјавил бригадниот генерал Амирали Хаџизадех во изјавата којашто директно беше пренесувана на иранската државна телевизија.

Војникот по грешка помислил дека авионот поради неговото движење кон чувствителна воздухопловна база на Гардата е „крстосувачка ракета и имаше 10 секунди да одлучи“, додаде генералот Хаџизадех.

Иранскиот парламент ќе дискутира за ситуацијата со по грешка соборениот украински авион на отворена седница која е закажана в недела, изјави во саботата пратеникот Таиб Сијаваси.

„Откако Генералштабот на вооружените сили на Иран призна дека украинскиот авион бил соборен со ракета на противвоздушната одбрана како резултат на човечка грешка, Меџлисот (парламетот) одлучи да дискутира за тоа на отворена седница во недела“, го цитира пратеникот агенцијата IRNA.

Друг пратеник, Мохамед Реза Ареф, од своја страна ги повикал иранските власти да „одговорат на прашањата од јавен интерес за инцидентот со боингот, како и да ги казнат виновниците“.

Откако претходно ги отфрлаше обвинувањата дека иранските сили се одговорни за трагедијата во периодот на критичните тензии по меѓусебните американско-ирански ракетни напади во Ирак, Техеран во саботата објави дека без никакви намери, со човечка грешка, во средата утрото го урнал украинскиот авион во кој загинаа 176 лица, најмногу ирански и канадски државјани.

Иранскиот претседател Хасан Роухани изрази „длабока тага“ поради уривањето на патничкиот украински авиони, велејќи дека тоа претставува „голема трагедија и непростлива грешка“.

„Интерната истрага на вооружените сили заклучи дека, за жал, проектили со грешка истрелани предизвикале уривање на украинскиот авион и смрт на 176 невини луѓе“, напиша Роухани во писмена изјава и додаде дека „истрагите продолжуваат поради идентификување и изведување на одговорните пред суд“.

И командата на иранската Револуционерна гарда му порача на народот на Иран дека „одговорините за трагедијата веднаш“ ќе бидат изведени пред воен суд, и пренесе до јавноста уверување дека „ваквите грешки повеќе нема да бидат можни“ во рамките на темелните реформи на вооружените сили.

Во авионот била украински екипаж, а повеќето патници над 80 биле Иранци и над 60 државјани на Канада, која задно со САД го обвини Иран за нестеќата и веднаш оцени дека уривањето се чини оти било предизвикано случајно.

Шефот на иранската дипломатија, Мохамад Џавад Зариф, наведе на Twitter дека истрагата во рамките на вооружените сили покажала дека падот на украинскиот авион од типот „Boing 737-800“ е разултат на „човечка грешка во моментите на криза предизвикана од американскиот авантуризам кој доведе до катастрофата“.

 

Реакции од Русија и Франција

Иран треба да извлече поука од својата грешка, оцени претседателот на комисијата за надворешни работи на рускиот парламент во саботата.

„Доколку преслушувањето на ‘црните кутии’ и истрагата на теренот не докажат дека иранската војска тоа го сторила намерно и дека за тоа нема логични причини, овој инцидент треба да биде затворен. Во надеж дека сите страни ќе извлечат поуки и ќе преземат мерки“, изјави за руските медиуми Константин Косачев.

Француската министерка за надворешни работи, Флоранс Парли, оцени дека овој момент „треба да се искористи повторно да се отвори простор за преговори и дијалог“ за нуклеарната програма на Иран.

Изрази сочувство на семејствата на жртвите и додаде дека „Поуките кои треба да ги изведеме од оваа драматична секвенца која ја проживувавме последните денови од крајот на 2019-та е дека треба да ставиме крај на оваа ескалација“. Притоа изрази поддршка за зачувување на нуклеарниот договор со Иран од кој еднострано во мај 2018 година истапија САД и бараат да го отфрлат и другите светски сили потписнички во ноември 2015-та – Русија, Кина, Франција, Велика Британија, Германија и ЕУ.

„Тоа значи дека не смееме да го закопаме нуклеарниот договор склучен во Виена пред пет години. Тоа е единствената алатка со којашто располагаме“, порача Парли.