Ирански претседателски кандидат ги повика младите гласачи да го спречат враќањето на тврдолинијашите

Иранскиот претседателски кандидат Абдулнасер Хемати ги повика младите Иранци, кои првпат добиваат право на глас, на скорешните претедателски избори да ги спречат несаканите политички промени во земјата, одноно победа на тврдолинијашите.

„Лицата кои првпат гласаат може да играат решавачка полиција во тој поглед“, објави на Twitter во четвттокот, Абдулнасер Хемати, кој важи за умерен реформатор.

Промената на тонот во иранската политика изгледа многу веројатноа на претстојните претседателски избори на 18-ти јуни. По двата мандата, умерениот претседател Хасан Роухани не може повторно да се кандидира според уставот на земјата.

Се семта дека фаворит е исклучително конзервативниот челник на иранското правосудство Ебрахим Раиси, главен кандидат на тврдолинијашите и префериран избор на политичкиот естаблишмент. Реформистите стравуваат дека тој ќе оди по раикалниот пат и повторно ќе го однесе Иран во меѓународна изолација.

Хемати вели дека 1,4 милиони нови млади гласачи би можеле да бидат гаранција за зачувување на слободите коишто моментално ги имаат, како и дека моќе да осигураат дека надеждта и социјалната шареноликост не бидат задушени во блиска иднина.

Хемати, поранешен гувернер на централната банка на Иран, има шанса на избодите само доколку ги привлече протестните гласови, сметаат иранските политички коментатори. Неговите критички интонираните изјави се обид да се добие поддршка од младите гласачи и оние крикитчките кон власта. Но за разлика од Раиси, Хемати не е дел од иранската политичка елита.