Иранскиот генералштаб тврди за нанесени „сериозни загуби“ на американските сили

Вашингтон ќе биде принуден да ги признае тешките загуби од иранскиот напад врз ирачката воена база Аин ал-Асад, каде се сместени американски војници, изјави портпаролот на генералштабот на вооружените сили на Иран, Аболфазл Шекарчи.

„Ирачкиот премиер беше информиран четврт час пред операцијата, бидејќи ние не сме агресори, немаше никаква информација до Американците, тие самите беа подготвени, заеја дека ќе се соочат со одмазда го цитите Шекарчи иранската новинска агенција Fars.

„Во секој случај, им нанесовме сериозна загуба. Тие ќе бидат принудени следните денови да признаат, нема да можат да ги држат во тајност своите големи загуби“, додал Шекарчи.

Пентагон претходно месецов потврди дека 64 американски војници се здобиле со контузии и потрес на мозокот во иранското гранатирање на воените бази во Ирак.

Откако САД на 3-ти јануари во Багдад го ликвидираа иранскиот генерал Касек Сулејмани, Техеран по неколку дена ги ракетирапе ирачките бази во кои се стационирани американски војници во Ербил и посебно Ан ал-Асад на западот на Ирак. Првично американскиот претседател Доналд Трамп и челниците на Пентагон изјавија дека во ракетирањето нема настрадани. Трамп особено акцентот го стави на податокот дека нема загинати американски војници, објаснувајќи ја својата одлука да нема одмазнички удар врз Иран и да се ограничи на нови санкции.

Потоа американската армија потврди дека има настрадани нејзини војници, неколкупати зголемувајќи ја бројата на повредените војници кои биле евакуирани во болници во Кувај и во Германија. Пентагон го објасни ова со фактот дека симпромите на контизиите може да не се појават веднаш и оти првичната процена за состојбата на војниците може да се разликува од конечната дијагноза.

Пентгон претходно објави дека во „деновите по нападот, како мерки на предострожност, некои војници се префрлени од воздухопловната база Аин ал-Асад“. „Тогаш осум војници се префрлени во Ландштил (американска воена болница во Германија), а тројца се префрлени во Кемп Арифџан (воена база во Кувајт)“. Во текот на нападот, во бункери биле евакуирани повеќето од 1.500 американски војници во базата Аин ал-Асад.