Иранскиот парламент подигна обвинение против шефот на државата

Иранскиот парлаемнт подигна обвинение против претседателот Хасан Роухани, во контекстот на заострената борба за моќ меѓу тврдата линија и умерените ирански политичари и реформисти блиски до шефот на државата.

Пратениците го обвинуваат иранскиот претседаетл дека го пренебрегнувал законите коишто ги донел парламентот.

Новинската агенција Fars извести во неделата дека 190 од 235 присутни пратеници гласале за подигнување на обвинението против претседателот на државата, без да наведува поединости.

Сепак, за политичките коментатори во регионот забележлива е поврзаноста на ова гласање и обновувањето на нуклеарните преговори во Виена, коишто би можеле да бараат компромису со главниот ирански непријател САД.

Имено, набрзо по победата на парламентарните избори во февраури 2020 година, конзерватиците и приврзаниците на тврдата линија извршија притусот врз претседателот Хасан Роухани да поднесе оставка. Го обвинуваат дека ја оддалечил Исламската Република од нејзините идеолошки цели со својата прозападна политика и виенскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Роухани, пак, пред претседателските избори во јуни ги обвинува тврдолинијашите во парламентот дека ги жртвувале националните интереси за домашната борба за власт. Самиот Роухани можеби нема да може повторно да се кандидира по двата мандата, но тврдолинијашите, исто така, сакаат да ги намалат можностите на другите умерени политички кандидат кои му се блиски.