Иранските власти ќе го субвенционираат зголемувањето на цената на бензинот

Иранските власти ќе започнат од понеделникот вечерта да вршат исплати во готовина на најсиромашните слоеви на граѓаните кои се најмногу погодени од зголемувањето на центата на бензините, објави во понеделникот утрото државната новинска агенција ISNA.

Според информацијата на агенцијата, околу 19 милиони семејства ќе добијат вакви субвенции. Висината на сумата ќе зависи од бројот на членовиет на семејството.

Според планот на владата, иранските семејства ќе добиваат од 0,55 милиони риали (или 5 американски долари), до 2,05 милиони риали (18 долари). Во текот на оваа седмица граѓаните ќе добиваат пари во три фази. Се претпоставува дека во иднина, овие плаќања ќе станат месечни исплати.

Иранскиот претседател Хасан Роухани во неделата ја најави намерата за осигурување финансиска помош на најпогодените од зголемувањето на цените на бензинот кои доведоа до масовни протести во неколку градови во земјата.

На 15-ти ноември во Иран стапи на сила владината уредба за двојно зголемување на цените на бензинот од 15.000 риали (0,09 долари) на 30.000 риали (околу 0,2 долари) за литар. Преференцијалната цена на бензинот во рамките на квотота по лице, исто така, се зголеми за 50 отсто, на 15.000 риали. Според новите прописи кои се резултат и од американските сакции против Техеран, сопственик на автомобил можеби да добие до 60 литри бензин месечно по оваа ценат, а сопственик на мотоцикл до 25 литри, а посебна квота е определена за таксистите која изнесува до 400 литри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.