Ирина Шајк пак ги маѓепса фановите со нова фотографија: Овој пат има и сладок пријател! (ФОТО)

Познатата руска манекенка и поранешна свршеница на холивудскиот актер Бредли Купер (45), Ирина Шајк (34), на својот Инстаграм профил објави нова фотографија, која ги привлече симпатиите на многу фанови.

Имено, Ирина позираше со своето милениче на фотографијата, а очите на нејзиното куче се во преден план.

Со овој пост собра над 435 илјади лајкови и безброј позитивни коментари од луѓе кои сакаат животни.

„Најубавите очи“, „Кристијано Роналдо ќе ти недостасува засекогаш“, „Убавица“, „Бредли е глупав што те изгуби“, „Имаш иста боја на очите, твоите очи никогаш не стареат“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Да потсетиме дека ѕвездата на филмот „A Star Is Born“ Бредли Купер и супермоделот Ирина беа заедно од 2015 до 2019 година и ја имаат 3-годишната ќерка Леa Де Сен (3).

Прочитајте и…  Идеален родител на постои, но овие знаци укажуваат дека сепак треба да го смените односот кон децата
Профимедиа.рс

Изгледаа како совршен холивудски пар, тој беше номиниран за Оскар, а таа беше Ангелот на Викторија, но по четири години од почетокот на врската, парот раскина, а јавноста сè уште не ја знае вистинската причина.

Пред Бредли, Ирина беше во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо (35), додека Бредли беше со многу холивудски убавици.

Кога на почетокот на 2017 година се роди нивната ќерка Леа, ова семејство изгледаше неверојатно среќно.

Фото: Профимедиа.рс

Постојат гласини дека за време на нивната врска не било сè одлично, бидејќи Ирина била фотографирана како плаче неколку пати, а цело време велела дека е студено и дека поради тоа пушта солзи. Исто така, во Холивуд кружеа постојани гласини дека Бредли е во врска со пејачката Лејди Гага (34), со која глумеа заедно во филмот „A Star Is Born“.

Прочитајте и…  Моника Евтимоска, дизајнерка на органска козметика: Идеја родена од потреба за нешто ново, здраво и уникатно

„Нема шанси Гага и Бредли да беа заедно. Тие се само добри пријатели и често зборуваат “, рекол извор близок до нив.

Профимедиа

Само неколку месеци откако Ирина го поддржа својот партнер додека тој имаше емотивен настап со Лејди Гага на Оскарите во 2019 година, парот се разведе, наводно поради неговата афера. Странските медиуми објавија дека моделот е тој што раскинал и се иселил од домот во кој живееле заедно.

„Бредли беше емотивно отсутен за време на долгото снимање на филмот со Гага. Ирина и тој се обидоа да ја спасат врската, но нешто се смени“, додаде изворот.

профимедиа

Наскоро по раскинувањето, во јануари оваа година, Ирина во едно интервју изјави: „Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу тоа да се биде самохрана мајка и деловна жена. Верувајте ми, има денови кога ќе се разбудам и ќе мислам: О, Боже, не знам што да работам, се распаѓам“.

Прочитајте и…  Кај нив ништо не е бесплатно: Меган и Хари создадоа список со барања за секое јавно појавување!

Манекенката неодамна беше фотографирана како се прикрадува од станот на Бредли во Њујорк, и вчера го гушкаше на сред улица со актерот, а обожавателите ширум светот се надеваат дека претстои смирување.