Ирска планира да ги намали даноците за им помогне на граѓаните со високи трошоци за живот во 2022

Пакетот од 4,7 милијарди евра ќе вклучува значително повисоки инвестиции, пред се во доделување на станови, што ќе значи буџетски дефицит како учество во БДП следната година од 1,8 проценти, вели изворот…

Ирска ќе ги намали даноците, ќе ги зголеми пензиите и додатокот за деца во 2022 година и ќе им обезбеди ваучери за плаќање на сметките за електрична енергија и гас за да им помогнат на граѓаните да ги поднесат повисоките трошоци за живот, изјави во понеделникот доброупатен извор, пренесуваат светските агенции.

Даблин, исто така, ќе ја продолжи програмата за субвенционирање плати до вториот квартал, додаде изворот.

Министрите досега изјавија дека програмата ќе биде продолжена до следната година, но не се прецизираа кога точно ќе биде укината, забележува Ројтерс.

Точниот датум ќе биде објавен во вторник, изјави неименуван извор за Ројтерс.

Пакетот од 4,7 милијарди евра ќе вклучува значително повисоки инвестиции, пред се во доделување на станови, што ќе значи буџетски дефицит како учество во БДП следната година од 1,8 проценти, вели изворот.

Министерството за финансии во саботата ја намали прогнозата за буџетскиот дефицит за оваа година од 5,1 на 3,1 проценти, бидејќи буџетските расходи беа помали, а даночните приходи и економскиот раст повисок од очекуваниот.