Ирска зафатена од третиот бран на коронавирусот

Ирска навлезе во третиот бран од епидемијата на коронвирусот, соопштија во понеделникот тамошните здравствени власти, додавајќи дека се многу загрижени поради брзото ширење на заразата.

Ирска има најниска зачестеност од коронаинфекции во Европската унија, откако во октомври привремено ги затвори продавниците, баровите и рестораните. За разлика од поголемиот дел од континентот, во декември во поголем дел повторно ги отвори.

Меѓутоа, бројот на новозаразените последните денови брзо расте. Повеќе од 700 новозаразени на ден се потврдени неколку денови со терд, првпат од крајот на октомври. Со тоа, само за четири дена се удвои петдневниот просек на заразените на 616 лица.

„Ова е очигледни брзо забрзување на инциденцата и тетиот бран кој се случува многу многу побрзо по последниот бран. Навистина е важно луѓето да останат дома. Ситуацијата се промени и се менува многу многу брзо“, изјави на прес-конференцја Тоно Холохан, советник за здравство на владата која во вторник ќе разгледува воведување нови ограничувања.

Ирскиот премиер Микал Мартин минатата седмица изјави дека веројатно ќе бидат затворени рестораните и пабовите пред новигодишните празници, како и дека ќе бидат ограничени приватните собири. Ирскиот јавн сервис извести во понеделникот дека овие мерки може да бидат воведени и за католички Бадник.

Бројот на заразените расте за најмалку 5 до 7 отсто на дневно ниво, во сите возрасни групи. Репродукцискиот број би можел да изнесува 1,5 или 1,6 изјави во понеделникот професорот Филип Нолан додавајќи дека овие показатели се „многу загрижувачки“.

Ирските здравствено власти истакнуваат дека новиот сој на коронавирусот кој е потврден во Велика Британита, сѐ уште не е откриени во Ирска, но предупредуваат дека не можат да исклучат дека не се појавил во земјата.