Ирските историски ривали договорија коалиција и бараат трет партнер

Челниците на историските ривалски партии Фиана Фаил и Фине Гаел во вторникот договорија првпат заедно да состават влада доколку успеат да добијат дополнителна поддршка за формирање коалиција два месеца по изборите коишто во втор план ги турна пандемијата на коронавирусот.

Двете партии се жестоки противници на десниот центар од ирскиот политички спектар и се сменуваа на власт од крајот на ирската граѓанска војна во деведесеттите години на XX век во кој нивните основачи се најдоа на спротиставените страни. Меѓутоа, и на двете партии последните години поддршката од избирачите бележи постојан пад.

На изборите на почетокот од февруари Шин Фејн стана втората најголема партија во ирскиот парламент, со што ја потресе тамошната политичка сцена и од некогаш маргинална партија со историски врски со Ирската републиканска армија (IRA) стана клучниот фактор за формирање на идната владејачка коалиција и стави крај на бипартизмот. Шин Фејн освои 37 од 160 пратенички места во идниот состав на Даил, долниот дом на ирскиот парламент. На претходните избори во 2016 година, партијата имаше само 14 пратеници. Партијата од десниот центар Фиана Фал има ист број пратеници, додека Фине Гаел, партијата на досегашниот премиер Лео Варадкар доби 35 пратеници. Шин Фејн кандидираше само 42 кандидати за долниот дом на парламентот со 160 мандати, па не се очекуваше дека самата може да биде решавачка, бидејќи другите две водечки партии ја исклучуваат коалицијата со неа.

Бидејќи ниту заедно Фиана Фал и Фине Гаел немаат мнозинство, неопходна им е поддршката од барем уште една помала партија или, пак, од осум независни пратеници за да може да го контролираат силно фрагментираниот парламент.

Двете партии во идентични куси изјави соопштија во вторникот вечерта дека нивните челници договориле рамковен документ и дека за него ќе ги известат своите партии во среда. Во интерната електронска пошта за пратениците на партијата Фине Гаел, кој агенцијата Reuters го имала на увид, претседателот на партијата Мартин Гејдон вели дека двајцата челници ја потврдиле подготвеноста да формираат мнозинста влада на три или повеќе партии „со еднакво партнерство меѓу Фине Гаел и Фиана Фаил во средиштето“.

Двете партии ја одбиваат коалицијата со Шин Фејн која се залага за обединување на Ирска, па како можни партнери им ги остануваат Зелената партија која има 12 мандати, и лабуристите и социјалдемократите на левиот центар, коишто имаат по шест пратеници но досега не изразија голема желба да се придружат на коалицијата на Фине Гаел и Фиана Фал. Меѓутоа, дел од 20-те независни пратеници, од кои многумина се поранешни членови на двете партии, се подогтвени да се придружат и веројатно ќе ги има доволно за постигнување просто мнозинство во парламентот.