Ирските националисти ја предупредија Меј дека брегзитот без договор значи референдум за единство

Ирските националисти ја предупредија во средата британската премиерка Тереза Меј дека доколку дозволу излегување на Обединетото Кралство од Европската унија без договоро, во тој случај че мора да се одржи референдум за ирското единство.

„Ѝ кажавме дека во случај на крај, во случај на крахот на ториевците, таа мора како демократска да се врати на Договорот од Велики петоко и мора да започне подготовки за референдум за ирското единство“, рече челничката на Шин Фејн, Мери Лоу Мекдоналд.

„Доколку британската политика не може да ги профати специфичните потреби на оваа земја, северот од Ирска, доколку британската политика не е во состојба да го признае и поддржи Договорот на Велики петок и да спречи тврда гранциа, тогаш преостанува единствената и последна опција…, а тоа е референдумот за ирското единство“, рече Мекдоналд.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е „непоколеблива“ во нејзината посветеност да не дојде до примена на таканаречената „тврда граница“ меѓу двете Ирски. Меј вчера во Белфаст рече дека дека многумина во Северна Ирска и Република Ирска се загрижени, откако британските пратеници го отфрлија договорот за брегзит.

Британските парламентарци досега детектираа десетина проблеми кои ги носи договорот во моменталната негова форма, а меѓу нив е и ткн „бекстоп“, привременото решение кое гарантира отворени граници на ирскиот остров, но ја става Северна Ирска во малку поинаков трговски аранжман отколку остатокот од Обединетото Кралство. Станува збор за режим на своевидна поддршка на останувањето на Северна Ирска во рамките на единствениот пазар и царинската унија со ЕУ со цел да се избегне повторното воведување погранична инфраструктура со Република Ирска која е членка на Унијата, како една од мерките кои придонесоа за постигнувањето на примирјето на ирскиот остров.

Жителите на Ирска и Британија може слободно да се движат во рамките на ткн Заедничка зона на патувања. Но сега голем број жители на Северна Ирска стравуваат од враќањето на царинските контроли кои може да ги казнуваат трговските размени и да наштети на кревката стабилност која настапи со примирјето од 1998 година. Со кој договор престана насилствотпо меѓу пробритански протестанити и католиците кои бараат обединување со Ирска, во кое меѓу 1969 и 1998 загинаа 3.500.

Со спогодбата е договорено регионалната влада задолжително да мора да има премиер и заменик премиер за да бидат застапени и двете страни. Шин Фејн и унионисичката DUP која ја поддржува британската премиерка Тереза Меј на тој начин ја делат власта од 2007 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.