Исјановски: Брисеви се земаат на четири пункта, ако треба ќе се отвори и петти во Ѓорче Петров

Брисеви за тестови за коронавирус во моментов се земаат на четири пункта во поликлините во Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан, а доколку Министерството за здарвство пројави потреба подготвени сме да отвориме и нов петти пункт во поликлиниката во Ѓорче Петров, за да се опфати и тој дел од Скопје, каде има многу жители, изјави вечерва директорот на Здравствен дом Скопје Виктор Исјановски.

На прашање за забелешките од граѓаните дека многу се чека на закажување термини за тестирање, тој во гостувањето на емисијата Топ Тема на ТВ Телма, истакна дека тоа зависи од одговорите на епидмиолошкиот алгоритам.

– Закажувањето за тестирање оди преку матичните доктори по попполнување на одрден епидемиолошки алгоритам каде пациентот кој ќе ги каже своите симптоми и во зависност од нив матичниот доктор преку Мој термин му закажува термин. Пациентите при тоа не мора лично да отидат на доктор туку тоа можат да го сторат по телефон. Термините се на 10-тина минути, рече Исијановски.

Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје Скопје, чијиекипи се задолжерни за земање на брисевите, појасни дека епидемиолошкиот алгоритам е составен од стручната комисија за зарзани болести при Министерството за здравство и оти тоа како ќе се пополни алгоритамот тој автоматски ги избира лицата кои ќе се тестираат, а кои не треба да се тестираат.

– Ова е втор алгоритам кој го имамме во моментов. Првиот се користеше додека беа отворени границите и имаа предност луѓе кои доаѓаа од кризните подрачја. Сега границите се затворени и се водиме по друг алгоритам, а предност имаат тие кои биле со некој кој е веќе дијагностициран на Ковид -19. Нив системот автоматски ги прифаќа, рече Зибери.

Тој укажа и дека секојдневно имаат и ситуации на едно до две лица кои добиле термин за тестирање, а не се појавиле на терминот, но и дека не се чека на тестирањата. Зибери потенцира дека покрај екипите на четирите пункта, имаат и четири мобилни екипи во градот кои одат по домовите на пацинетите. Во секој пункт дневно се земаат околу 30 бриса, а брисеви земаат и мобилните тимови, кои потоа брисевите ги носат во ИЈЗ. Зибери најави и дека наскоро Центарот за јавно здравје треба да добие своја лабораторија за изработка на тестови.

Според Исјановски, ваква микро-биолошка лабораторија што треба да ја добие ЦЈЗ треба да имаат и поголемите здравствени организации во иднина во случај на епидемии, за што побрзо да се прават тестовите.