Исценирано убиството на Бабченко за да бидат уапсени вистинските атентатори

Рускиот новинар Аркадиј Бабченко e жив и здрав, а веста за неговото убиство била намерно пуштена во јавноста од украинските безбедносни служби, за да наводно спречат негов атентат од страна на Русите.

Ова попладнево беше објавено на прес конференција на ѕкраинската телевизија, на која присуствуваше самиот Бабченко.

Шефот на СБУ, Државната безбедносна служби на Украина, Васил Гритцак соопшти дека „убиството“ било исценирано за да се изложат руските агенти кои требало да го убијат новинарот. Службите наводно имале информации дека му се подготвува ликвидација па реагирале навреме. Тие нанодно ги уапсиле атентаторот и организаторите на атентатот.

Руските служби ангажирале поранешен борец од фронтот во Источна Украина на кого му платиле 30.000 долари за да го убие бабченко, рече Гритцак.

По веста за смртта на новинарот реагираа од Москва каде побараа Украина да спроведе истрага и да го открие убеицот на Бабченко.

Новинарот ја исценирал сопствената смрт заедно со украинската полиција, како дел од истрагата која се водела поради заканите со смрт кои ги добивал, а диверзијата била планирана речиси еден месец, рекоа украинските власти.

Бабченко сега го слави третиот роденден, бидејќи тој на 29 мај пред неколку години преживеа атентат, па симболично избрале „убиството“ да се случи на истиот датум.

Бабченко, кој е адвокат по професија, е двоен ветеран од војната во Чеченија, прваиот пат како регрут, а вториот пат како војник под договор. Потоа почнал да се занимава со новинарство како воен известувач. Тој ја напушти Русија во 2017 година, откако доби смртни закани поради објавениот статус на социјалните мрежи.
Москва претходно денеска ги повика властите во Киев да ги разјаснат убиствата на повеќе руски државјани во изминативе неколку години во Украина.