Исчезна 15-годишно девојче од Кочани

Исчезна 15- годишно девојче од Кочани. Откако два дена не се вратило дома, девојчето е пријавено во полиција која го прогласи за исчезнато.

Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка Т.А.(34). Таа пријавила дека настанот се случил на 13 јули, околу 3 часот по полноќ кога нејзината ќерка од засега непознати причини излегла и се оддалечила од домот заминувајќи во непознат правец.

Полицијата трага по девојчето и работи на случајот.