Исчезна бранителот Предраг Петрушевски – Бинго

Кристина Петрушевска, ќерка бранителот Предраг Петрушевски – Бинго, попладнево на Фејсбук објави дека нејзиниот татко втор ден е изчезнат.

„Од вчера (08.03) 09:15 часот му се губи секаков траг. Претпоставуваме дека е со автомобилот( пежо 406 сиво, KU 1998 AC).
Телефонот му е дома. Облечен е во црна кожна јакна и фармерки.
Ако некој го види или го има видено нека се јави на 077/516-543 или нека ми пише на профилот. Пријавено е во полиција“, пишува ќерката на Бинго.

Од полиција ја потврдија информацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.