Исчезна индиски авион со 13 лица

134

Авион на индиските воздухопловни сили со 13 патници и членови на екипажот исчезнал во понеделникот во оддалечен североисточен планински регион на границата со Кина, соопштија тамошните власти.

Воениот транспортен авион од типот „Ан-32“ на воздухопловните сили на Индијa исчезнал од екраните на радарите откако полетал од градот Џорхат во сојузната држава Асам кон Менкука во драѓвата Аруначал Прадеш, но го загубил контакот со контролата на летот околу 13 часот по локално време. Нормалниот лет меѓу овие две дестинации трае околу 60 минути,

„Бидејќи авионот не стаса на својата одредница, започна акција. Во авионот севкупно има осум членови на екуппажот и пет патници“, изјавил неименуван функционер, пренесува весникот Times of India.

Во потрагата по исчезнатото летало е вклучен борбен авион „Су-30“ и воен авион за изведување специјални операции „С-130“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.