Исчезна приватен авион над Ламанш со фудбалер од Премиер лигата

Мал приватен авион, кој летал на релација Нант-Кардиф минатата ноќ исчезна, дваесет километри северно од островот Гернси. Со авионот се превезувал играчот од Премиер лигата, Емилијано Сала.

Потрагата по авионот, во кој најверојатно се наоѓал само уште пилотот, беше прекината во текот на ноќта поради лошите временски услови, но утринава продолжила. Авинот исчезнал од радарите околу 22.30 часот.

Напаѓачот потпиша договор со Кардиф во саботата. За време на оваа сезона, тој постигна 12 голови во 19 одиграни натпревари за Нант, пред да замине во Премиер лигата. Велшаните го зеле во обид да излезат од ризичната зона за опстанок во лигата. За него беа платени 15 милиони фунти.

Тој се врати во понеделникот во Нант, за да се збогува со досегашните соиграчи и да си го собере багажот. Веднаш по исчезнувањето на летот крајбрежните безбедносни власти на Франција и Велика Британија започнале спасувачка операција.

Авионот го бараат два хеликоптера. Емилијано Сала се брзаше назад во Кардиф за да се приклучи на утринскиот тренинг со неговите нови соиграчи.