Во 22:00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, 60-годишниот Ш.А. од село Братин Дол, битолско, пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка.
Се работи за 33-годишната Ј.А. која полицијата ја бара.
Во 21:20 часот во Полициската станица Кавадарци, 40-годишниот М.Е. од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.