Исчезнатиот шеф на Интерпол можеби е приведен во Кина, медиуми

Исчезнатиот директор на меѓународната криминалистичка полиција Интерпол, Менг Хонгвеј, е под истрага во родната Кина, пишува весникот South China Morning Post во петокот вечерта по средноевропско време, повикувајќи се на свои извори.

Претставници на дисциплнска служба привеле 64-годишен функционер, кој исто така, ја извршува должноста заменик министер за јавна безбедност на Кина, на испрашување, веднаш по неговото пристигнување во Кина од Франција минатата седмица, прецизира во информацијата весникот.

Протоа уште не е јасно каква истрага се спроведува против чиновникот кој според описот на должноста соодветсвува на Менг, и каде тој се наоѓа во моментов.

Претходно во петокот агенцијата AFP, повикувајќи се на извори во француското министерство за внатрешни работи пренесе дека Париз е загрижен за судбината на претседателот на Интерпол кој исчезнал во Кина, и официјални претставници на Франција стапиле во контакт во врска со ова прашање со властите во Пекинг.

„Франција го поставува прашањето за сутуацијата на претседателот на Интерпол и е вознемирена од заканите коишто ги примила неговата сопруга“, се наведува во соопштението на француското министерство за внатрешни работи.

Како што се наведува натаму, Париз испратил официјално барање до Пекинг за да се разјасни каде во моментов се наоѓа Менг Хонгвеј, со кој е загубен секој контакт уште пред речиси една седмица, но Французите не добиле одговор од нивните кинески колеги.

„Добивајќи прашање преку линијата на канцеларијата на Интерпол во Пекинг, кинеските валсти досега не дадода појаснувања. Контактите со кинеските власти продолжуваат“, заклучуваат од француското министерство.

Претседателот на Интерпол, Менг Хонгвеј, отпатувал за Кина на 29-ти септември. Последен пат со него било контактирано минатата сабота, пренесува агенцијата AFP.

Обвинителството во Лион, каде што е седиштето на ова меѓународно полициско тело, започна истрага во врска со исчезнувањето на Менг. Прво за ова информираше во петокот околу пладне француското радиот Europe 1, кое јави дека сопругата на Менг којашто живее со децата во Лион, веќе дала исказ пред судските истражители.

Од Интерпол категорично одбија да коментираат околу прашањето за судбината на нивниот претседател. Како што нагласија, „за ова прашање одговорноста е на релевантните власти во Франција и во Кина“. Организацијата, исто така, потсети дека нејзината главна активнос не ја води претседателот, туку генералниот секретар, и дека Интерпол функционира нормално.

Менг претходно извршуваше неколку високи должности во Кина, меѓу кои и онаа на заменик министер за јавна безбедност, а потоа и заменик-шеф на Државната океанска администрација на Кина. За челник на Интерпол беше именуван во 2016 година. Групите за човекови права во тоа време изразија загриженост дека Пекинг би можел да ја искористи позицијата на Менг во ова тело за прогон на дисидентите во странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.